Исплатени субвенции на 4.945 сточари за женски јагниња и јариња

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ги информира сите фармери дека денеска е исплатена финансиската поддршка за задржано женско јагне и јаре.

Сатнува збор за исплата на средства од мерките 2.8 финансиска поддршка за задржано женско јагне и мерката 2.10 финансиска поддршка за задржано женско јаре по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2019.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека на сметките на 3.179 сточари кои имаат задржано женско јагне, исплати 78.058.400 денари, а за 1.766 сточари со задржано женско јаре исплатени се 10.516.100 денари. Вкупно за двете мерки исплатени се близу 88,6 милиони денари.

Бабовски појаснува дека со оваа мерка директно се влијае на окрупнување на стадата, како и на зголемување на производството на млеко.