Исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 58 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во исплатен износ 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник.

„Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник“, соопшти Трипуновски.

Тој порача дека грижата за лозарите продолжува и во идниот период, Македонија повторно ќе стане препознатлива по производството на вино во регионот.