Исплатени субвенции на 1.059 земјоделци за поддршка на овоштарството

На сметките на над 1.000 земјоделци се исплатени субвенции за поддршка на овоштарството.

Министерството за финанси исплати 33,1 милиони денари субвенции на 1.059 земјоделци.

Според Министерството за финансии целта на финансиската поддршка на овошарството е поттикнување на одржување на постоечките и зголемување на бројот на нови овошни насади, што ќе придонесе за зголемување на производството на овошни култури.