
Испораките на американско оружје за Украина беа накратко прекинати во последните денови пред почетокот на викендот, бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја преиспитува својата политика кон Киев, велат за Reuters четворица службени запознаени со ова прашање.
Испораките беа обновени откако Белата куќа ја промени првичната одлука да ја прекине сета помош за Украина, рекле два извора.
Има фракции во администрацијата кои не се согласуваат за степенот до кој САД треба да продолжат да им помагаат на воените напори на Киев со оружје од американските резерви, изјавил нименувани американски функционер. Белата куќа сè уште не одговорила на барањето на Reuters за коментар.
Запирањето на испораките на американско оружје ќе ја попречи способноста на Украина да се бори и ќе ја стави во понеповолна преговарачка позиција во мировните преговори. Меѓутоа, ова тврдење се смета за тенденџиозно, бидејќи главниот проблем на власта во Киев е недостигот од луѓе во единици кои се на фронтот, па прибегнува на контроверзните мобилизации на јавни места и веќе двапати ја симнуваше границата за мобилизација, сега на 21 година. Од функционери од администрацијата на претходниот претседател Џо Бајден на Киев повеќепати му беше сугерирано дополнително да ја симне оваа граница на 18-годишна возраст.
Не е јасно дали администрацијата на Трамп официјално ќе ја признае паузата и последователното продолжување на испораките. Бајден во последните месеци од својот мандат одобри американско оружје во вредност од над 1 милијарда долари за Украина, како и нови договори за идно производство.
Американската помош во вооружувањето на Украина е делумно олеснета со употребата на моќ што му овозможува на претседателот брзо да пренесува оружје и опрема од американските резерви во странски земји без потреба од одобрение од Конгресот.
Не се објавени пакети за помош откако Доналд Трамп ја презеде функцијата, но се веруваше дека пратките одобрени од Џо Бајден ќе продолжат да течат со месеци поради заостатокот.
Администрацијата на Трамп не испрати јасна порака за тоа дали ќе продолжи да дава значителна воена помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија.
Од почетокот на конфликтот, Соединетите држави ѝ дадоа на Украина воена помош вредна милијарди долари, вклучувајќи артилериски системи, муниција и противтенковски ракети и ракети со долг дострел со кои се гаѓаат цел длабоко на територијата на Русија.
Американската помош имаше значително влијание врз конфликтот, при што украинските сили употребија опрема за да нанесат значителни загуби на руските војници и опрема, тврди Reuters без да наведе конкретни податоци.