Исповест на робинка на ИД: Заробените ќе станат муслиманки ако ги силуваат 10 војници

Заробените жени ќе станат муслиманки ако ги силуваат 10 војници на ИД. Со овие зборови милитантите на ИД се обидуваат да ги оправдаат своите злодела.

Језидската девојка Ноор за Си Ен Ен говори за кошмарот што го поминала додека била во заробеништво на Исламска држава.

Ноор била заробена кога ИД го освоила нивното село во покраината Синјар во Ирак. Оваа 22-годишна девојка вели дека милитантите ја силувале, но дека пред тоа се обиделе да ги оправдаат своите злодела.

Еден војник ми покажа писмо и ми рече: Ова покажува дека заробените жени ќе станат муслиманки ако ги силуваат 10 војници на ИД, вели Ноор.

Откако ја силувал, милитантот им кренал рака на 11 друи војници, кои исто така ја силувале. На територијата што е под контрола на ИД језидските жени се купуваат и се продаваат за пари, ги разменуваат за оружје или ги подаруваат. За оправдување на овие „трансакции“ милитантите го користат сопственото толкување на исламската теологија.

Сепак, исламските теолози истакнуваат дека нема оправдување за овие дела.

ИД не го претставува исламот, напротив тие се спротивност на исламот. Тие го земаа исламот, го понижија, вели лондонскиот имам Ајмал Масрур.

Тој напоменува дека третирањето на заробениците како сексуални робови, нивното измачување и убивање е апсолутно забрането во исламот.

Алах во Куранот вели дека оние слични на милитантите на ИД се полоши од животни. Тие ја изгубиле можноста да го користат разумот, да ја видат и да ја слушнат вистината. Тие се покажаа како такви и не постои место каде можат да ги оправдаат нивните дела. Тоа е арам, спротивно на исламот и како такви треба да ги тертираме, вели Масрур.

Пред доаѓањето на ИД на јазидите им било строго забрането да се венчаваат со некој што не е од нивната вера. Прељубниците, па дури и жртвите на силување биле убивани поради „срамот за семејството“. Сепак, тоа сега се менува.

-Секој што ќе се врати ќе биде добро дочекан. Не треба да се грижат, тие не направиле ништо лошо, изјави лидерот на заедницата Баба Шеик.