Испраќањето оружје за Украина ја подели владата на Шпанија

Шпанија во петокот и саботата ќе испрати во Украина четири авиони наполнети со оружје, но одлуката за вооружување на украинската војска во услови на руска офанзива во оваа земја ја подели ливичарската влада во Мадрид.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес извести во петокот дека ќе испрати 1.370 ракетни фрлачи за уништување оклопни и други возика, 700.000 куршуми за автоматски пушки и митролези, како и лесни машинки кои со авиони ќе бидат испратени од воената база крај градот Албасете. Според неа, станува збор за оружје за „индивидуална одбрана“ кое може да го користат и лица без воена обука.

Шпанската влада, која е составена од мнозинската Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез, и малцинската левичаерска Заедни Можеме (Unidas Podemos), нема единствен став за испраќањето оружје за украинската војска.

Лидерката на Unidas Podemos и министерка за социјални права, 34-годишната Оне Белара, како и министерката за рамноправност, нејзината врсничка Ирене Монтеро, сметаат дека таквиот потег насочен против Русија може да доведе до ескалација на војната на други земји.

Белара во видеото објавено во четвртокот на социјалните мрежи истакна дека испраќањето оружје може да доведе до „неизвесно и опасно сценариот на светска војна“.

„Меѓународната заедница не е насочена на дипломатскиот пат, туки сите свои напори ги насочи на ескалација на опасниот вооружен судир, а тоа може да заврши многу лоши“, предупреди шпанската министерка.

Монтеро, пак, додаде дека „најдобриот начибн за запирање на Путин се диплоатијата и преговорите“. Другите министри од Unidas Podemos останаа настрана, со забелешката дека „премиерот ја води надворешната политика“.

Премието Санчез порача дека „на сите министри им дадов инструкции да ја запрат војната“ во Украина. „Да не се стори ништо би значело да се има многу полоши последици“, истакна.