Испраќањето офицери на војската на Црна Гора на Косово не е пријателски чин, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој кажа дека црногорскиот премиер Душко Марковиќ при посетата на Белград кажал дека Црна Гора разбира колку е Косово болно и тешко прашање за Србија, и дека кон него ќе се однесува со особено внимание, земјаќи ги предвид и интересите на Србија.
Тие не нѐ прашаа. Тие се суверена држава и тоа е нивно право, но знаат каков е нашиот став околу Косово и Метохија. Не дека тие нешто значајно ќе прават, еден, двајца или тројца од нив, тоа е без врска, нема никаков ефект, освен да ја исполнат задачата што ја добиле од НАТО, кажа Вучиќ.
Според него, тоа не е пријателски гест кон Србија.
Напред, момци, работете си ја вие работата. Ние знаеме дека тоа не е воопшто пријателски гест кон Србија. Ние ќе си ја работиме својата работа и тоа е тоа, заклучи српскиот претседател.