
Дополнителниот армискиот состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Република Турција, каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси, соопштија од Министерството за одбрана.
На испраќањето на дополнителниот тим од Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им порача најпрофесионално да го вложат севкупниот свој потенцијал и обученост и да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.
Армискиот тим се упатува по донесената одлука на Владата за испраќање дополнителна помош, а на предлог на Министерството за одбрана.
Во меѓувреме армискиот тим, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во рушевините настанати од катастрофалните земјотреси.