Испуштани отрови во реката Брегалница, поднесени кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице со подружница во Делчево и  Т.Н. (37) од Скопје, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загадување на добиточна храна или вода“.

На 25.07.2018  година во Делчево, од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.