Истакнати Германци побараа Западот да почне дијалог со Русија

Група од 60 истакнати Германци побараа од државата и Западот да почнат дијалог со Русија. Тие уверуваат дека тоа е основата за обезбедување мир во Европа, а не понатамошна изолација на Москва што е „опасно за светот“.

Петицијатата – Нова војна во Европа? Не во наше име!, потпишана е од Германци од разни области – политика, економија, култура и медиуми, меѓу кои е и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и режисерот Вим Вендерс.

Групата истакнува дека сака да види менување на политиката на конфронтација спрема Москва кон политика на дипломатија.

Европа и Русија имаат заедничка одговорност да обезбедат мир и безбедност во Европа, а тоа може единствено да биде постигнато со подеднаква безбедност за сите и сите партнери да бидат почитувани, се вли во пораката. Групата истакната Германци сметаат дека и медиумите треба да се обидат да бидат пообјективни во извештаите и оти треба да престанат со сатанизација на Русија во секоја прилика.