Истанбул: Поради недозволени протести уапсени над 160 лица

Полицијата во Истанбул уапси повеќе од 160 лица, од кои 8 малолетници поради учество во недозволени протести по повод Курдската Нова година – Невруз.

Истанбулската полиција соопшти дека се уапсени лица, кои сакале да ја празнуваат Невруз, палеле автомобилски гуми, поставувале барикади и ја гаѓале полицијата со камења, петарди и молотови коктели.

Во акциите, извршени во 27 реони во градот, биле одземени 150 молотови коктели, рачно изработена бомба и други запаливи материјали.

Турските власти оваа година го забранија прославувањето на Невруз во многу градови поради безбедносни причини.