
Турската авиокомпанија откажа денес 142 лета од аеродромот во Истанбул и предупреди на можни пореметувања во наредните денови поради снежните врнежи.
Воглавно откажани се летовите во домашниот авиосообраќај, но и кон европските и аеродромите на Блискиот Исток, пренесува Танјуг.
Поради снег од Истанбул не полетаа авионите кон Хамбург, Минхен, Милано и Техеран.
Турската авиокомпанија објави дека утре се очекува засилување на снежните врнежи и дека поради тоа одредени летови од аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“ се откажани.
Весникот Хуриет наведува дека градските власти апелирале граѓаните да не излегуваат од домовите без причина.
Се очекува снегот да паѓа до 2-ри јануари, а повеќе од 1.000 возила за чистење снег се во приправност.