Истанбул со поголем од БДП на осум држави во регионот

Турскиот град Истанбул има БДП поголем од осум балкански земји заедно.

БДП на Турција лани изнесувал 740 милијарди американски долари, а за илустрација БДП на Босна и Херцеговина во 2028 година изнесуваше 20,2 милијарди американски долари.

Ова се податоци од Светската банка. Бруто домашниот производ на Истанбул од 256 милијарди американски долари е поголем од осум балкански земји кои заедно имаат 253 милијарди американски долари како БДП.

Градот има 15,5 милиони жители, а наведените осум балкански земји заедно имаат 28,6 милиони.

Сепак, во 2018 и 2019 година економијата на Турција се соочи со рецесија.

Во неколку наврати изминативе години имаше и пад на лирата.