Полицијата во Истанбул денеска приведе 17 лица осомничени за поврзаност со џихадистичката група „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Антитерористичката акција е преземена по наредба на главното обвинителство на Истанбул. Обвинителството издаде налози за апсење на вкупно 27 осомничени во врска со групата.
Според разузнавачките податоци, осомничените дејствувале како поддршка на групата на територијата на Турција.
Досега се приведени 17 лица. Потрагата по уште десет осомничени продолжува.
„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за минатонеделниот крвав бомбашки напад на концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, во кој загинаа 137 луѓе.