Денеска истекува рокот до кој бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ од Битола и „цар Борис Трети“ од Охрид треба да направат усогласувања предвидени со измените на Законот за здруженија. Доколку тоа не го сторат ќе се соочат со бришење од централниот регистар.
По истекот на предвидениот рок треба да заседава и да се произнесе Комисијата за употреба на имиња и ставот да го достави до министерот за правда, кој пат во рок од еден месец, односно до 16 март треба да донесе решение.
Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид веќе поднело барање до Централен регистар за усогласување додека Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола нема доставено барање за измени, потврдија за Телма од Централен регистар.
Според измените, Здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на личности кои по било која основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на фашизам и нацизам.
По вчерашната средба со министерот за надворешни работи, претседателот на ГТУ. Ѓорѓи Трендафилов рече дека клубот Ванчо Михајлов нема намера да поднесе такво барање како и дека во наредниот период ќе ги искористи сите правни лекови кои стојат на располагање.