Денес истекува рокот за избор на специјален обвинител, а неофицијално Катица Јанева, актуелната обвинителка од Гевгелија ќе биде новиот јавен специајлен обвинител, партиите во 5 часот утрово се договорија за име и за законот по кој ќе работи новисот специјален обвинител, тврдат за 24 вести изввори од преговорите.
Според Договорот од Пржино до 15-ти септември треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител го именуваат потписниците на Договорот.
Засега нема официјална информација дали и што е договорено на вчерашната последна рунда разговори на работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхоуте, на која присуствувале и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Денеска во Собранието би требало да се изгласа и новиот закон, според кој специјалниот обвинител ќе реши колку заменици ќе има, а ќе се гласа и за предлогот за Јанева.
Според изјавата на Ванхауте од петокот, подготвена е предлог верзија за измена на Законот за избор на специјалниот обвинител, која тој ја претставил пред работните групи.
Катица Јанева ќе треба да ги истражува случаите „Прислушување“ и „Пуч“.