Историјата не се создава со зборови

 

Познато е тврдењето на Черчил дека Балканот произведува повеќе истории отколку што може да сомеле. Ќе дополнам дека станува збор за вербална, запишана, а не за остварена историја.

Од осамостојувањето досега реалната македонска историја може да се собере на помалку од две страници и тоа во еден правец: од независна држава кон протекторат. Образложението за таа катастрофа – од првото менување на македонскиот Устав (54 денови по неговото изгласување) до подготвената меѓународна конференција за уништување на државата, опфаќа многу илјади страници. Станува збор за партиски верзии и индивидуални сведоштва, за препукувања и објаснувања, за текстови од домашен и надворешен карактер.

Но, сето тоа не е вистинска историја туку обид за напад или оправдување на тоа што се остварило. Така од една страна имаме две страници со објективни дејствија наспроти десетици илјади страници со вербални дејствија. Се разбира дека тие две страници тежат многу повеќе и се историски релевантни во споредба со останатите, кои пак, имаат за цел да ја менуваат објективната со фантастична реалност.

Историски факт е на пример остварената криминална приватизација во Република Македонија во која преку ноќ едни граѓани станаа милионери, а стотици илјади сиромашни и невработени. Но, и до денес никој не сноси одговорност за тоа, никој не е осуден и не е во затвор. Историски факт се националните предавства со замената на уставното име со референца, на државните симболи, потпишаниот Рамковен договор и Законот за територијална поделба. Сите тие менувања се правени преку гласање во Собранието и ги носат потписите на конкретни луѓе. Но, досега нема македонски пратеници, министри (Љубе Бошковски е исклучок), лидери на партии, да не зборуваме за премиери и претседатели кои се во затвор. Не само за време на избори туку секојдневно македонските медиуми се полни со обвинувања и наводни документи за еден или друг криминал или национално предавство, но никој не е осуден. Значи историска вистина е дека има корупција, дека многу се краде, но продолжеток на таа вистина не е реално дејствие (суд и затвор), туку вербално дејствие т.е. празен шум. Историски факт е дека преку Сорос и странски служби во Македонија влегуваат десетици милиони евра за антидржавна пропаганда и дејствија. Се знаат конкретно и луѓето кои ги добиваат (т.н. соросоиди), се знае дека само Грција поделила меѓу македонски политичари и новинари стотина милиони евра за таа цел. И што ако се знае? Никому ништо.

Од друга страна ако им се верува на политичарите и на медиумите во државава нема ниту еден чесен Македонец, ниеден патриот. Намерно се рушат границите меѓу криминал и достоинство, меѓу патриот и предавник. Целта е сите да бидеме истовремено криминалци и чесни луѓе, патриоти и предавници. Од тука и пропагандната поента: „македончето“  не вреди за ништо и не може да има држава. Истото скоро го кажа скоро и Питер Ван Хут во врска со новиот предлог закон за медиуми. Македонскиот менталитет не бил на ниво на европскиот, затоа не можел да се земе модел од некоја европска држава. Некои наши политичари и медиуми се налутија на тие зборови, а потоа ги проголтаа со што го потврдија ставот на Хут.

Во изминатите 24 години, а особено во последната македонската држава секојдневно ја потврдува поентата за „македончето“. Доказ за тоа е и наметнатиот Пржински договор и кршењето на Уставот преку паралелното јавно обвинителство, создавањето на преодна коалициона влада, организацијата на парламентарни избори и друго.

ОД ЕДНА СТРАНА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ИМ ПОПУШТААТ НА СТРАНЦИТЕ И ВО ВНАТРЕШНАТА И ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА. ОД ДРУГА СТРАНА СЕКОЈДЕНЕВНО СЕ СЛУШААТ ВЕТУВАЊА: НЕМА ДА ПОПУШТИМЕ!

Така историскиот факт на попуштањето се спротивставува на вербалниот, на неирелевантниот фактор за попуштањето. Со други зборови вистинските факти конкурираат на пожелните факти. Доказ за тоа е и желбата на сведоците нивните искази пред Комисијата за прислушување во Собранието да останат тајна за јавноста. Претседателот на Комисијата Шилегов е потпарол на СДСМ, а таа партија обвинува дека Владата сама се прислушувала. Се знае дека акцијата за прислушувањето е резултат од соработка меѓу британската и американската служба (тие беа замешани и во терористичката акција во Куманово, каде беа убиени четворица нивни државјани), но Јанкуловска и Мијалков не сакаа тоа да го кажат гласно. А, всушност тука е рубиконот за вистинска одбрана на државата: преку гласност и дејствија.

Состојбата на Македонија во последниве две децении е таква зашто ни недостасуваат и гласност и дејствија. Тајната дипломатија секогаш била смрт за малите земји. Афторитет и пријателства се стекнуваат не со молчење, не со додворување, не со желби и лигавења, туку со јасен и цврст став. Дури и да те уништат историјата ќе те памети и ќе зборува за тебе. Во спротивно, ако одлучиле да не снема, пак ќе го направат тоа, само што ќе заминеме џабе.

ИСТОРИСКИ ФАКТ Е ДЕКА ПО РАЗНИ ПРИЧИНИ КОИ СЕ ПОКЛОПУВААТ И САД И ЕУ И НАШИТЕ СОСЕДИ САКААТ ДА ИСЧЕЗНЕМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ.

Дупла среќа за нив ќе биде ако сами си ги укинеме својот идентитет и држава. Оттука и актуелизираната верзија на македонската спремност за самоуништување. Демек нашиот ген не туркал кон самоуништување. Варијанта на таа верзија е и тврдењето дека за да се зачуваме морало да имаме консензус. И тоа во момент кога намерно преку партиски, религиозни, етнички интриги прават се’ можно да не’ спротивстават и разнебитат. Консензусот е идеална работа но ние таков сме немале барем во поновата историја. А, сепак Македонецот го зачувал своето име и идентитет. Затоа е потребно не да капитулираме, ниту пак само вербално да се фалиме, не да жалиме по неостварен консензус  туку да ги повикаме на обединување сите македонски граѓани кои си ја сакаат татковината и се спремни да водат борба за неа. Историјата не се создава со зборови, ниту, пак, татковината се брани вербално, туку низ дејствија. Изборите се една варијанта на дејствија. Но, што ќе правиме ако странците ја контролираат ДИК, гласовите ги брои ОБСЕ, а медиумите се држат од антимакедонски сили? Ќе допуштиме капитулација, странска окупација? Не, ќе водиме борба на живот и смрт. Нема да бидеме пасивна маса која чека странци да одлучуваат за нас, да си прават влади и политички калкулации. Што бараше бугарската војска на нашата граница на 17 мај кога се крчкаше македонскиот Мајдан? Што бараат лидерите на ДУИ при своите секојдневни посети на Албанија? Добро знаеме за „логистичката поддршка“ на Албанија и Бугарија за косовските терористи во 201 година. За тоа мора да сме внимателни, активни и спремни за борба.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ зависи како ќе се одвиваат состојбите во идните неколку месеци. По патот по кој моментно одиме, ќе мора како и друг пат во историјата, македонскиот народ сам да води борба за своето опстојување. Парадоксално е владејачката партија секојдневно да труби дека СДСМ, соросоиди, странци ја рушат државата, а не прави ниту еден практичен чекор за да го спречи тоа. Се’ е како во познатата анегдота дека силувале жена пред еден полицаец. Кога прашале зошто не превзел ништо тој се правдал дека рацете му биле зафатени: во едната имал пиштол, а во другата бомба. Јас не сакам пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да влегуваат во улога на колумнисти и да пишуваат против опозицијата наместо да ги користат функциите за кои се избрани. Влатко Ѓорчев пишува за „Цензура и диктатура на Црвените кмери од СДСМ“ како да е далеку од власта. Ако едно малцинство (партиско, етничко) прави диктатура на мнозинството, какво е тоа мнозинство? Ѓорчев е член на Комисијата за уставни прашања, член на ПС на ОБСЕ, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Уставот се крши, ОБСЕ не прават идиоти (мисијата не е во Република Македонија туку во „Скопје“), ДУИ и ДПА отворено работат против државата. Што тогаш прави Ѓорчев? Како координатор на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски учествува и во преговотрите во Пржино и сега за законот за медиуми. Во своите колумни („Лажната елита е нервозна и агресивна“, „Одметната квазиелита мисли само на себе“, „Нашиот рекорд ќе се учи како парадокс“) вербално атакува по опозицијата и ЕУ, а истовремено преговара со нив.

Питер Хут и Дуња Мијатовиќ биле такви, западните амбасадори и Питер Фејт онакви. Тргнете ги бе. Одбијте ги ултиматумите за законите за медиумите и за ДИК, како и конференцијата за ревизија на Рамковниот договор. Објавете ги споменатите фаци за персони нон грата. Или немате муда за тоа? Какви политичари сте тогаш? Или, пак, не занаете дека на Балканот или ебеш или те ебат, прашувам. Друго нема.