Француската банка БНП Парибас, прогласена е во САД за виновна за кршење на санкциите воведени кон Иран, Судан и други земји, заради што ќе мора да плати казна од 8,9 милијарди долари.
Американското министерство за правда соопштило дрка француската банка намерно прикрила илјадници трансакции со овие две спомнати земји, како и со Мајнмар и Куба, во периодот од 2004 до 2012 година, што властите во САД ги нарекле сериозно кршење на американскиот закон.
Властите оцениле дека ова е највисока казна која министерството за правда ја изрекло во случаи на кршење на економски санкции, како и наголема во било кој случај во кој е вклучена некоја банка, пренеле новинските агенции.
Банката БНП прифатила да плати 8,97 милијарди долари казна и порачала дека жали заради неправилностите од минатото кои довеле до таков исход.
За да се реши спорот, БНП прифатила и да отпушти 13 свои вработени.