Историски голема излезност на изборите во Франција до 17 часот, Бардела важи за фаворит за иден премиер

epa11400655 National Rally leader Jordan Bardella delivers a speech at the electoral party of the French right-wing party National Rally (Rassemblement National or RN) in Paris, France, 09 June 2024, after the first results of the European elections. The list of the Rassemblement National, led by party chief Jordan Bardella, is given winner in France according to first estimations after polls. EPA-EFE/ANDRE PAIN

Штотуку се појавија најновите бројки за излезност на француските парламентарни избори и тие се значително повисоки од изборите во поновата историја, пишува Би-Би-Си.

До 17 часот по локално време, гласале 59,39% од гласачкото тело, според последните податоци на Министерството за внатрешни работи на Франција. Во 2022 година во ова време од денот, излезноста беше 39,4%.

Вакви бројки на излезност не се забележани од 1978 година. На 28-годишна возраст, лидерот на екстремно десничарскиот Национален собир (НС), Џордан Бардела, се смета за фаворит да стане следниот премиер на Франција.

Роден e во Сена-Сен-Дени во близина на Париз во 1995 година и се приклучил на НС кога имал 17 години и брзо се зближил со лидерката, Марин Ле Пен.

Во раните 20-ти години стана партиски портпарол, а во 2019 година стана кандидат на партијата на европските избори. Тој победи и стана вториот најмлад пратеник во Европскиот парламент, на возраст од 23 години.

Бардела се смета за претставителен и политичар со добри ораторски вештини; вешто ги користи социјалните мрежи и беше огромна предност за Ле Пен. Под негово водство, овој месец НС го освои својот најголем дел од гласовите досега на европските избори.

Но, што мисли Бардела, каде тој стои идеолошки, каква личност е – тоа е непознато како за Французите, но и во светот. Французите имаат изразено чувство дека човекот што го гледаат е како пакет. Убаво завиткано, но содржината е мистерија, пишува Би-Би-Си.