Историски успех на Костарика

Најмалку посакуваниот пенал-рулет, се покажа како среќен за репрезентативците на Костарика и како кобен за тие на Грција.

Претставникот на Централна Америка обезбеди историски пласман во 1/4 финалната рунда од Мундијалот во Бразил, каде за противник ќе го има големиот фаворит за светската титула, селекцијата на Холандија.

Во регуларните 90 минута, дуелот заврши без победник, 1:1. Костарика дојде во водство на стартот од второто полувреме со погодокот на Брајан Руиз, а Грција израмни во 91 минута со погодокот на Сократис Папастатопоулос.

Претходно, во 65 минута, втор жолт картон заработи дефанзивецот на Костарика, Оскар Дуарте.

Во пенал рулетот, по првите три успешни серии на двете страни, во четвртата серија Навас го одбрани ударот на Гекас за огромна предност на Костарика. Па, во последната серија Мања погоди за огромна радост на Костариканците.

“Многу сум среќен. Сакам прво да им честитам на моите фудбалери. Имавме целосна контрола врз играта и резултатот до 65 минута. Верував во моите фудбалери, во моите напаЃачи, фантатсичниот голман. Што друго да побарам, што друго да посакам. Не можам да ви опишам како се чуствува. Ова е историски успех, сите сме заслужни за пласманот во 1/4 финалната рунда. Оваа победа им ја посветувам на сите во Костарика. Нема да се предадеме, ќе се бориме и во следниот натпревар. Среќен сум што сега за противник ја имаме фантастичната селекција на Холандија”, изјави по натпреварот селекторот на Костарика, Хорхе Луис Пинто.