Историски успех на Металург

Фудбалерите на Металург обезбедија пласман и во 3. квалификациско коло од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа откако со израмнувачкиот погодок на Миле Крстев во 93 минута, успеаа да го елиминираат босанскиот претставник Железничар.

Македонскиот преставник беше многу блиску до елиминација, но со фуриозна игра во последните 30 минути од натпреварот, избраниците на Срѓан Захариевски ја анулираа негативата од два гола и го реализираа најважниот резултат на меѓународната сцена.
Домаќинот дојде во водство со несреќниот автогол на Нинослав Додевски, а на 2:0 зголеми Риад Бајиќ. Во 57 минута, удар од белата точка промаши Марко Симоновски, но само неколку минути подцна, Марјан Радевски намали на 2:1.
Кога сите помислија дека Железничкар ќе биде патникот во следната рунда, вистински еврогол постигна капитенот на “железничарите”, Миле Крстев.