Евролигата соопшти дека три екипи ќе добијат учество како шампиони во националните првенства, но не објави кои ќе бидат тие држави.
Сепак, според првите гласини кои стигнуваат од добро упатени кошаркарски кругови, две од трите места ќе им припаднат на шампионите на Франција и Германија.
Како што пишува шпанска Марка, договорот помеѓу ИМГ групата и елитното натпреварување би можел да изнесува неверојатни 872 милиони евра, од кои клубовите по сезона би делеле загарантирани 36 милиони евра, а остатокот би бил вложен во инвестиции за натпреварувањето, ТВ правата и маркетингот.