Нов Зеланд прв ат во историјата на Зимските олимписки игри освои златен медал, откако сноубордерката Зои Садовски на својат земја ѝ го донесе најсјајно одличје победувајќи со 92,88 поени.
За 20-годишната Садовски ова е втор олимписки медал во кариерата. Таа во 2018 година во Пјонгчанг освои бронзен медал.
Денешниот успех на Нов Зеланд го комплетира Тес Коди со освојувањето на бронзата со 84,15 поени. Среброто и припадна на Џулија Марино од САД со резултат 87,68 поени.