Истовремени земјотреси на два различни раседи во близина на Сан Диего

Два земјотреси се регистрирани доцна во неделата во една секунда еден од друг на различни раседи јужно од границата меѓу САД и Мексико, предизвикувајќи слаби потреси во пошироката област Сан Диего, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

„Тоа е апсолутно лудо. Сосема е случајно што земјотресите на различни раседи се случуваат во исто време“, вели Том Роквел, сеизмолог од Државниот универзитет во Сан Диего.

Првиот земјотрес бил со магнитуда од 3,4 степени и е регистриран во 17 часот и 13 минути по локално време југозападно од Текате, во Мексико, а вториот земјотрес бил со моќност од 3,6 степени според Рихтеровата скала на друг расед на околу 25 километри.

Нема индикации дека потресите од првиот земјотрес го предизвикале вториот.

Послабите земјотреси се случуваат редовно во и околу границата меѓу САД и Мексико, но ретко доведуваат до големи настани, вели Роквел.