Британскиот регулатор за пазарна конкурентност отвори во петокот официјална истрага за да се утврди дали технолошките гиганти „Amazon“ и „Google“ преземале доволни мерки за сузбивање на лажните оцени за производи.
Упрвата за заштита на пазарното натпреварување (CMA) соопшти дека ќе собере повеќе информации за да донесе одлука дали двете компании можеби го прекршиле законот за потрошувачите, непреземајќи доволно опсежни мерки за да ги заштитат купувачите.
Почетната истрага на CMA, започната во мај 2020 година, ги анализирала интерните системи и процеси на неколку платформи за идентификување и решавање на нарачаните оцени на производите.
„Нѐ загрижува тоа дека читањето на фалсификуваните оцени можеби наведуваат милиони интернет потрошувачи на погрешни заклочици и дека потоа тие ги трошат парите врз основа на тие препораки“, изјави извршниот директор на CMA, Андреа Кошели.
Регулаторот во петокот соопшти и дека се загрижени и од тоа што ситемите на „Amazon“ не успеале на соодветен начин да ја спречат манипулацијата со реанг-листите на производите и да ги одвратат продавачте од таквите практики.
„Подеднакво, едноставно не е чесно доколку некои компании ги фалсификуваат оцените со кои на нивните производи или услуги им се доделуваа пет ѕвездички и со тоа истакнато место на листата, додека компаниите коишто го почитуваат законот губат“, додаде Кошели.
Минатата 2020 година CMA презема мерки за да се сузбие трговијата со оценки за производите и услугите, што резултираше со отстранување на одредени групо од социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и од eBay, и со забраната за поединци да купуваат и продават оценки на нивните страници.
Сега регулаторот истакнува дека сѐ уште не донел одлука дали „Amazon“ и „Google“ го прекршиле законот за заштита на потрошувачите. Доколку заклучат дека тоа се случило, можат да преземат мерки кои се двожат од барањата за копаниите официјално да се обврзат на промена на политиките кон нарачаните оценки до судска постапка.
Од „Amazon“ веднаш во петокот порачаа дека и натаму ќе ѝ помагаат на CMA во истрагата. Од „Google“, пак, не одговориле веднаш на барањата на медиумите да ја коментираат истрагата.
„Решителни сме во намерата да ја заштитиме нашата трговија и ќе преземеме мерки за да ги запреме лажните рецензии, без оглед на големината и локацијата на оние кои го прекршиле законот“, изјавил портпаролот.