Истрага за контроверзите на годинешниот Избор за песна на Евровизија

Независен експерт ќе ги истражува настаните околу овогодинешната Евровизија по низата контроверзии како дисквалификацијата на холандскиот натпреварувач или пропалестинските протести.

Меѓународниот музички натпревар го дисквалификуваше холандскиот натпреварувач Јост Клајн поради „инцидент“ во кој тој наводно вербално се заканувал на вработена во продукцијата, а израелската натпреварувачка Еден Голан настапи за време на влошената хуманитарна ситуација во Газа. Израелската национална телевизија подоцна тврдеше дека се соочила со „невидени прикази на омраза“ од други држави.

Организаторите на Евровизија потврдија дека затоа ќе се спроведе истрага за овие настани.

„Европската радиодифузна унија (EBU) сака постојано да работи на подобрување на своите услуги и настани. За дополнително зајакнување на натпреварот за Евровизија, побаравме од независен експерт да го истражи ESC 2024 во Малме и да го сподели со раководните тела на EBU што открил и заклучил да продолжи да го подобрува годишниот настан“, се наведува во објавата/

По натпреварот, на кој победи Швајцарија пред Хрватска, организаторите најавија дека ќе спроведат истрага бидејќи дел од делегациите „не го почитувале духот на правилата“.

За време на еднонеделниот натпревар, пропалестинските демонстранти пристигнаа пред местото на натпреварот за да изразат поддршка за луѓето во Газа и да го критикуваат учеството на Израел. Настапот на неговата претставниќка беше дочекан со свирежи и извици на неодобрување. Израелската делегација беше критикувана и од други натпреварувачи, како што е ирскиот Бамби Туг.