Истрагата не докажа како Праљак во хашкиот суд дошол до отровот

Холандското државно обвинителство објави во петокот дека истрагата за околностите за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хашкиот суд не покажала кога и како поранешниот командант на Генералштабот на Хрватскиот совет за одбранба (HVO) дошол до цијанкалиум.

Холандското државно обвинителство објави дека истрагата за самоубиството не успеала да утврди како и кога дошол до цијанкалиум, кој го испи откако беше прогласен за виновен за воени злосторства во Бoсна и Херцеговина, ниту дали некој му помогнал.

„Истрага за смртта на Слободан Праљак е завршена. Бранетиот Праљак минатата година изврши самоубиство во судницата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, откако судот донесе пресуда против него. Истрагата не покажа на кој начин и кога Праљак го набавил цијанкалиумот кој го користеше. Не е утврдено ниту едно кривично дело“, се наведува во соопштението на државното обвинителство.

Праљак во хашката судница на 29-ти ноември 2017 година, откако Апелацискиот совет му ја потврди 20-годишната затворска казна за воени злосторства во БиХ, ја испи содржината на шишето, кое дотогаш го криел. Кратко потоа. Набрзо потоа тој почина. Според официјалните информации, тоа се случило два часа подоцна во болницата Вестеинде.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија побара од холандските власти да спроведат истрага. Холанѓаните утврдија дека поседувањето цијанкалиум не е кривично дело во Холандија. Со прегледот на снимките од надзорните камери од притворот и просториите од Хашкиот суд не е воочено ништо сомнително и не се гледало ниту дали Праљак го носел шишенцето, ниту дали некој друг му го дал.

Според исказите на сведоците со кои холандското државно обвиниетлство разговарало, Праљак за самоубиство размислува извесно време. Тој веќе ги спакувал своите работи за испраќање во Хрватска и се простил со неколку луѓе во неколку наврати, но сведоците тоа го поврзувале со крајот на жалбената постапка. Во прошталното писмо до семејството напишал дека одамна одлучил да го заврши својот живот доколку му биде пресудена осудителна пресуда.

Холандското државно обцвинителство наведува дека не може да се исклучи ниту дека Праљак долго време го поседувал отровот, биодејќи тој може да се пренесе во форма са сува материја и оти за самоубиство е потребно мало количество. „Во тој контекст не е чудно доставувањето или чивањето на супстанцијата да минале незабележано“, заклучуваат Холанѓаните.

Во декември минатата година Хашкиот трибунал објави дека независна стручна истрага спроведен по убиството на Слободан Праљак утврдила дека немало никакви пропусти или недостатоци во правната рамка на Хашкиот суд во поглед на третманот на затвореникот и дека според тоа не е потребна никава промена на правилата за неговата работа. Адвокатката на Праљак, Ника Пинтер по неговото самоубиство за медиумитет изјави дека нејзиниот клиент тоа го сторил бидејќи не можел да живее со пресудата за воен злосторник.