Досегашните информации објавени од страна на истрагата во Белгија за нападите во европската престолнина потврдуваат дека напаѓачите од Брисел учествувале и во нападите од Париз. Сите тројца осомничени и се познати на полицијата како осомничени за нападите од ноември минатата година кои што ја потресоа светската јавност.
Браќата Ел Бакаруи одговорни за нападите во Брисел
Ибрахим и Калид Ел Бакрауи се разнесоа на бриселскиот аеродром Завентем и на метро станицата Малбек, а третиот напаѓач е во бегство, тврдат властите во Белгија, пренесува „Гардијан“.
Двајцата бомбаши самоубијци се разнесоа во вчерашните напади во Брисел во кои загинаа најмалку 31 лице. Браќата Ел Бакрауи беа снимени на безбедносните камери на аеродромот Завентем, а според полицијата се главни осомничени за нападите.
Белгискиот федерален јавен обвинител, Фредерик Ванлуи ги потврди информациите во медиумите дека Ибрахим Ел Бакрауи (29) активирал една од експлозивните направи на Завантем, при што убил 11 лица и повредил над 90 други.
Неговиот помлад брат Халид, 27 е одговорен за третата експлозија, која што се случила само еден час подоцна во вагон на метро на станицата Малбек во близина на канцелариите на Европската комисија, посочи Ванлуи.
Како што рече, најмалку 14 лица починале во нападот, а над 130 се повредени.
Вториот напаѓач од аеродромот сеуште не е идентификуван
Ванлуи информира… (повеќе на следната страница…)