Истрагата за корените на истрагата за „руското мешање“ во изборите во САД, Трамп му ја препушта на обвиниелот

Американскиот претседател Доналд Трамп порача во петокот дека му ја доверува на главниот државен обвинител Вилијам Бар истрагата за изворите на истрагата на министерството за правосудство за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година, за која се покажало дека станува збор за „најголемат измама“ во историјата на САД.

Во четвртокот ноќта весникoт The New York Times повикувајќи се на два извора блиски на делото, објави дека оваа досега управна истрага којашто ја водеше и надгледуваше министерот за правда кој во американскиот систем истовремено е и главен државен обвинител, Вилијам Бар, станала кривична истрага. Обвинителот Џон Дарам, од сојузнатата држава Конектикат, задолжен за новата кривична истрага, сега е овластен да повикува сведоци и да презема документи.

„Имаме одличен министер за правда – државен обвинител (…) Не можам да ви кажам што се случува. Ќе го кажам следното: мислам дека ќе видите многу лоши нешта (…) Многу луѓе знаат дека си имаат проблеми, бидејќи се однесувале нечесно. Повторно, сето тоа го оставам на дискреционото право на министерот за правда – државен обвинител, како и на луѓето кои соработуваат со него и со кои јас не се познавам“, рече Трамп.

„Мослам дека тоа станува многу опасно. Да се истражуваат иследниците (…) Страшни работи се случувале во нашата земја“, коментираше натаму Доналд Трамп пред новинарите во петокот. „Мислам дека ќе видите работи во кои не би сте верувале. Тоа била најголемата измама во историјата на нашата земја“, додаде американскиот претседател.

Оваа вест дополнително ги засили тензиите во Вашингтон откако на 24-ти септември опозициската Демократска партија покрена истрага во Конгресот за да го соборат Доналд Трамп. Демократите го обвинуваат сега Бар дека ја користи моќта на правосудството за да ги истражува, според нив, непотврдените тврдења за политичкото потекло на истрагата против кампата на Трамп за наводен договор со Русија во текот на претседателските ибори во 2016 година.

„Доколку овие вести се потврдат, тие ќе покренат нова загриженост за министерството за правда, кое под Бар ја загуби независноста и стана средство за политичка одмазда за Трамп“, изјави демократскиот пратеник Адам Шиф, кој ја води истрагата во Претставничкиот дом на Конгресот за отповикувањето на Трамп.

„Ако луѓето немаат ништо да кријат за глупостите и нарушувањата кои можеле да ги сторат, нема од што да стравуваат во оваа истрага“, му одговори на телевизискиот канал Fox News, Келијан Конвеј, советничка на Трамп.

Претседателот Трамп повеќепати бараше истрага за потеклото на ткн „руска истрага“, за која вели дека претставувала „лов на вештерки“ започнат од неговите политички поротивници од редовите на неолибералниот естаблишмент. Претходно потенцираше дека истрагата против него започнала „илегално“ и смета дека е политички пристрасна.

Истрагата беше покрената на основа на ткн Стилово досие, кое го нарачала кампањата на неговата тогашна демократска противкандидатка Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет (DNC), во настојувањата да дојдат до компромитирачки материјали и во кои поранешниот британски шпион Кристофер Стил изнел обвинувања за престојот на Трамп порано во Москва и за наводна поврзаност на неговата кампања со Русија, кои подоцна беа раскринкани како лаги.

Таканаречената „Руска истрага“ ја водеше специјалниот обвинител Роберт Мјулер откако во 2017 година беше сменет тогашниот челник на Федралното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, поради неподнигнување на обвинение со политичка заднина во случајот на користењето на приватен сервер и приватна електронска пошта од страна на Хилари Клинтон за официјални доверливи дипломатски преписки во периодот кога беше државна секретарка, а што е спротивно на американските закони. Истрагата на Мјулер неволно заклучи дека немало договор меѓу Русија и кампањата на Трамп, но специјалниот обвинител се обиде без докази во својот извештај да ја увери јавноста дека Москва сепак се мешала во американските избори во полза на републиканскиот претседател.

Од гледна точка на Трамп, пак, истрагата на Мјулер и дејствијата преземени од страна на Демократската партија во овој поглед не биле насочени само против него лично, туку против републиканците како целина.

„Ова не е обид да се собори претседателот, тоа е обид за соборување на Републиканската партија. Искрено кажано, демократите треба да се срамат“, истакна во петокот американскиот претседател.

„Како што знаете, ова прашање (за околностите на почетокот на истрагата против Трамп) се разгледуваше одамна. И, како што слушам, во случајот има многу сериозен пресврт. Се истражуваат дејствијата на оние кои ја воделе истрагата (специјалниот обвинител Мјулер), без разлика дали тоа е поранешниот службеник на FBI, Питер) Стржок, (неговата колешка Лиза) Пејџ, (поранешниот директор на националното разузнавање Џејмс) Клапер, (претходниот директор на FBI, Џејмс) Коми – сиве овие луѓе, бидејќи во нашата земја се случило нешти ужасно“, додаде Трамп пред новинарите.