Истражување на Гугл: Најголем број млади користат ТикТок и Инстаграм

Речиси 40 проценти од Генерацијата Z, претпочитаат пребарувања на TikTok и на Instagram наместо на Google Search и Maps, покажуваат податоците на Google објавени од TechCrunch. Патем, генерацијата Z, е дефинирана како оние родени помеѓу средината на деведесеттите и почетокот на 2010-тите години.
TikTok, која е најбрзо растечката апликација за социјални медиуми, експлодираше во популарност во изминатите неколку години – толку многу што ги инспирираше конкурентите на социјалните медиуми Instagram и Snapchat да воведат копирани видео функции на Reels и Spotlight.

Сега, извршниот директор на Google потврди дека форматот на TikTok го менува начинот на кој младите луѓе спроведуваат интернет пребарувања, а Google работи на тоа.

Вишиот потпретседател на Google, Прабакар Рагаван, на конференцијата Fortune Brainstorm Tech рече дека според интерните студии на Google, „ речиси 40% од младите луѓе кога бараат место за ручек, не одат на Google Maps или не бараат, туку одат на TikTok или Instagram.”

Google ја потврди оваа статистика за Insider, велејќи дека „се соочуваме со силна конкуренција од низа извори, вклучувајќи општи и специјализирани пребарувачи, како и наменски апликации“.

Google ги истакна промените што планира да ги направи во својот прелистувач за да ја привлече помладата публика, вклучително и можноста корисниците да ја префрлаат камерата на одредена област и „инстантно да добијат увид во повеќе објекти во поголема сцена“.

Инсајдер претходно објави за заканата што ја претставува TikTok за YouTube, кој исто така е во сопственост на матичната компанија на Google, Alphabet. Insider Intelligence предвидува дека приходите од реклами на TikTok ќе ги надминат оние на YouTube до 2024 година.