Постојано се зголемува бројот на владите во светот кои манипулараат со информации во витруелниот свет и ги замолчуваат критичарите на социјалните мрежи што претставува голема закана за демократиите, пишува организација за човекови права Freedom House во студијата објавена во вторникот.
Студијата за интернет слободите е спроведена во 65 земји во светот и покажува дека 30 влади прибегнувале на некоја форма на манипулација со цел да ги искриват вистинските информации објавени на интернет, што претставува пораст во однос на минатата 2016 година, кога тоа го правеле 23 влади.
Манипулациските техники вклучуваат платени коментари, таканаречени „тролови“, потоа автоматизирани профили (кои се нарекуваат „бот“), лажни мрежни страници, се наведува во студијата „Слобода на мрежата 2017“ којашто ја објави Freedom House.
Тактиките на дезинформации и манипулации играле голема улога во изборите во најмалку 18 земји во текот на минатата година, вклучително и во САД, се наведува во извештајот.
„Користењето на платените коментатри и политичките ‘ботови’ за ширење пропаганда на владата започна во Кина и Русија, а станува глобално. Тие техники брзо се шират, а нивните ефекти врз демократијата и граѓанскиот активизам потенцијално се разорни“, вели Мајкл Абрамовиц, претседател на Freedom House.
Директорката на Freedom on the Net, Сања Кели, пишува дека таквата манипулација често тешко може да се забележи, а „да се бори против неа е потешко отколку против другите форми на цензурата, како на пример блокирањето на мрежните страници“.
Оваа 2017 година била седмата по ред во којашто слободите на инетрнет се во пад, што според студијата е резултат на манипулативните техники и другите напори информациите на мрежата да се филитрираат и цензурираат.
„Кина третата година по ред е водечка според ограничувањето на слободите на интернет, бидејќи ја зајакнала цензурата на мрежата, а со новиот закон се казнуваат дисидентите за објавување на веб. Другите држави ја зголемиле цензурата и манипулацијата со информациите“, се наведува натаму во студијата.
Се наведува уште дека филипинаската влада ангажирала армија ‘чукачи’ кои за 10 долари на ден преку интернет шират впечаток дека народот масовно го поддржува бруталното пресметување со дрогата. Независно истражување на Филипини покажало дека 67 отсто од Филипинците ја подджуваат владината политика на погубувања на криумчарите на дроги по куса постапка и во вонсудските егзекуци при обиди за апсење, што го критуваше поранешната администрација на претседателот Барак Обама.
Во Турција, додава Freedom Hоuse, ангажирани се околу 6.000 луѓе со задача на социјалните мрежи да им противречат на критичарите на власта.
„Русија, како што покажале разузнавачките агенции, со ширење на инфромации се обидела да влијае на текот на изборите во САД, но и во Европа, но Кремљ спроведува и внатрешна контрола. Така во Русија блогерите кои привлекуваат повеќе од 3.000 посетители на ден мора да се регистрираат, да остават свои лични податоци кај руските власти и да ги почитуваат законот за регулирње на масовните медиуми. Од друга страна, на пребарувачите во Русија им е забрането да преземаат содржина од нерегистрирани интернет страници“, пишува во извештајот.
Студијата покажал дек авладите во најмалку 14 земји ги ограничиле интернет слободите за да спречат за нив несакани инфромации. Така Украина ги блокирала операторите од Русија, вклучително и најкористените и од украинските корисници социјална мрежа и пребарувач, „во очигледниот напор да ја спречи проруската пропаганда“ пишува Freedom House, но не ја споменува забраната на Киев за реемитување на руски медиуми и за нивната работа.
„Кога се обидуваат да ги спречат манипулациите од странство, важно е државите да не претераат. Решенијата за манипулациите и дезинформациите не се во цензурата на веб-страниците, туку во едуцирањето на граѓаните да бидат способни да откријат лажни вести и лажен коментар. Демократиите би требало да обезбедат извор на политичка пропаганда на интернет да биде исто толкиу транспарентен колку и во реалниот свет“, вели Кели.
Од Freedom House предупредуваат на растечкото ограничување за VPN (виртуелните приватни мрежи), коишто овозможуваат да се заобиколат цензорите, а денес постои во 14 земји.
Ниту САД, односно републиканскиот претседател Доналд Трамп, не се поштедени од критиките за кршење на слободите на интернет на Freedom House.
„Интернетот во САД е динамичен и разноличен, но високиот процент дезинформации и насочувања на мрежата има силен ефект. Новинарите кои ги оспоруваат ставовите на Доналд Трамп огледно се цел на злоставувачите на мрежата“, се вели во студијата на организацијата за којашто многумина во Соединетите држави наведуваат дека е дел од мрежата активистички организации противници на републиканскиот претседател финансирани од неговите политички противници.