Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази беше во работна посета на својата веќе отворена истурена канцеларија во општина Боговиње, при што оствари и среба со градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи. Канцеларијата на ФЗОМ е отворена веќе 20 дена, сместена е во просториите на поранешната општинска зграда во село Камењане и отворена е секој работен ден од од 07:30 до 15:30 часот.
Фондот за здравствено осирување на Македонија во општина Боговиње овозможува за осигурениците од една страна да се растовари гужвата, а од друга страна да се скрати непотребното губење на време 30.000 жители кои патуваат до најблиската подрачна служба на ФЗОМ за да ги остварат своите права и правата на своите вработени од областа на здравственото осигурување.