Концертот организиран од министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор почна со исвиркување водителката кога се обиде најавата на прославата да ја прочита и на македонски јазик. Еден ден по концертот нема никаква реакција од вкладините служби.
Водителката на настанот прво зборуваше на албански, а кога се обиде истиот текст да го прочита и на македонски јазик беше исвиркана од младата публика. Таа се обиде овој текст да го прочита и на македонски: „Драги присутни, вечерва не собра песната, убавата песна која ќе не потсети на убавите мигови на животот, на младоста, љубовта, слободата, соништата. И секако да им порачаме на оние кои имаат некакви…“.
Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите, треба да стане традиционален и да прерасне во фестивал налик на Егзит..
Фестивалот, насловен како Фестивал на мирот помина без ниту еден македонски пејач, откако двајцата најавени, Владо Јаневски и Антонија Гиговска го откажаа настапот.