Италија ја надмина Турција како најголем купувач од руски „Газрпом“

„Газпром“ и „Саут стрим транспорт“ потпишаа спогодба за доверливост за „Турски поток“
„Газпром“ и „Саут стрим транспорт“ потпишаа спогодба за доверливост за „Турски поток“

Италија ја мина Турција на листата на најголеми странски купувачи на природен гас „Газпром“ и стана вториот најголем странски партнер на компанијата, објави во понеделникот рускиот енергетски гигант презентирајќи го извештајот за приходите во минатата 2019 година.

Турција сега паднала на третото место меѓу најголемите клиенти за набавки на природен гас на „Газпром“, според овој извештај,

На првото место и натаму е Германија којашто со години е најважниот клиент на „Газпром“ во странство и со кој има проект за удвојување на капацитето на гасната инфраструктура, иако рускиот енергетски концерн развива големи проекти за поврзува со гасоводи со Кина и со Индија.

Меѓутоа, извозот на „Газпром“ во Германија во последниот период е опаднат проади типлата зима, а врз Берлин притисок за снабдување со течен гас (LNG) врши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Извозот на рускиот природен гас паднал во текот на 2019 година за 9, отсто, а во западна Европа за 9,3 отсто, на 147,4 милијарди кубни метри, според извештајот на „Газпром“.