Италија повторно ќе ги отвори своите производствени активности на 4-ти мај во согласноста со ублажувањето на карантинските мерки, училиштата ќе бидат отворени дури во септември, најави премиерот Џузепе Конте во интервју објавено во неделата.
Италија беше првата европска земја тешко погодена од новиот тип коронавирус и првата којашто во март воведе карантин. Во светот внимателно се следат нејзините постапки за повторно отворање на економијата, додека другите исто така тешко погодени земји разгледуваат слични мерки.
„Во моментов работиме на тоа да дозволиме отворање на голем дел од компаниите, од производствените до градежните, на 4-ти мај“, вели италијанскиот премиер Џузепе Конте во интервју за дневниот весник La Repubblica.
Додава дека овие мерки ќе бидат претставени најдоцна до почетокот на следната седмица. Но Конте вели и дека компаниите треба да воведат строги мерки за безбедност на здравјето пред да им се дозволи отворање.
Меѓутоа, вели дека некои компании кои се сметаат за „стратешки“, вклучително и активностите кои главно се ориентирани на извозот, може да бидат отворени веќе следната седмица.
Конте истакнува дека училиштата повторно ќе бидат отворени во септември, меѓутоа додаде дека ризикот од зараза е многу висок. Учењето на далечина добро функционирало, оценува италијанскиот премиер.
Италија до крајот на годината нема да ги отвори границите за странските туристи, изјавува министерот за култура и туризам Дарио Франческини во интервјуто исто така објавено во La Repubblica во саботата.
„Отворањето на границите ќе зависи од епидемиолошката состојба и од политиките на секоја држава засебно“, вели Франческини.
Притоа министерот навестува дека во мај во Италија може да биде обновено работењето на музеите и главните знаменитости, кои беа затворени за посетители поради епидемијата на коронавирусот. Меѓу оние коишто, веројатно, ќе добијат можност да бидат отворени за јавноста, Франческини ги наведива римскиот Колосеум и Помпеа.
Според последните официјални податоци од саботата вечерта, бројот на починатите од Covid-19 во Италија е 25.969 лица, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата, вклучително и оние кои починале или оздравеле, достигна 192 994 луѓе.