![lorenco guerini](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/4decce01212ba583c80f2ef89b0d519a.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Италија ќе продолжи да обезбедува воена поддршка за Украина, вклучително и испораки на борбени системи за неутрализирање на огнени позиции на непријателот, изјави во четвртокот италијанскиот министер за одбрана Лоренднцо Гуерини обраќајќи се на заедничкиот состанок на комисиите за одбрана на двата дома на парламентот.
„Врз основа на законот и развојот на ситуацијата на теренот, Италија ќе продолжи да ја поддржува Италија во нејзините одбранбени цели од Русија, вклучителни и снабдување со системи за неутрализирање на огнените позиции“, го цитира Гуерини агенцијата ANSA.
Досега, додал министерот, Италија веќе му испорачала на Киев „противтенковско оружје, системи за противвоздушна одбрана со кус дострел, минофрлачи, артилериска муниција, комуникациски системи, лична заштитна опрема и комплети за итни слулаи“.
Во согласност со резолуцијата одобрена од парламентот а за која не гласаа само поединечни пратеници, италијанската влада доби одобрување да испорачува воена опрема, униформи и други материјали. Листата за испорачаните средства е класифицирана, потсетува агенцијата.
Италијанските медиуми во меѓувреме објавија дека владата подготвува нов декрет со кој ќе моќе да се прецизираат испораки на тешко вооружување.
Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, поранешниот премиер Џузепе Конте изјави дека неговата партија нема да поддржи испораки на вооружување коешто отстапува од одбранбените цели. Медиумите наведуваат и дека ова прашање предизвикало сериозно разидување кај Движењето 5 ѕвезди и неговиот главен партнер во коалицијата Демократската партија, што се заканува со раскол.
Неодамна објавеното истражување на јавното мнение покаќа дека повеќе од половината Италијанци се противат на испораките на оружје во Украина, сметајќи дека тоа претставува диртекно вмешување во руско-украинскиот конфликт.