Франција, Италија и Кипар треба во четвртокот да одржат големи заеднички воени вежби во делот од Средоземното Море кое е во центарот на спорот поради резервите на природен гас, јавуваат кипарските медиуми.
Во вежбите јужно од Кипар ќе учестуваат два брода на италијанската и француската воена морнарица и кипарски морнарички единици, извести во средата вечерта кипарската државна телевизија RIK, пповикувајќи се на министерството за одбрана.
Причината за италијанско-француското воено присуство во источното Средоземје е откривањето на резерви природен гас јужно од Кипар. Италијанските и француските енергетски компании ENI и Total се вклучени во истражувањето.
Овие гасни наоѓалишта се во центарот на спорот меѓу Турција и Купар, островската земја која е поделена од 1974 година на грчкиот југ кој е членка на Европската унија, и турскиот север каде што е прогласена република којашто ја признава Турција, но не и мнозинството земји во светот.
Турција во јуни годинавата започна со дупчења во оваа област, а кои Кипар не ги одобри. Во јули ЕУ поради тоа ѝ наметна санкции на Турција. Анкара тврди дека нејзините активности се легитимни според меѓународното право, додека Брисел смета дека се нелегални.
Експертите сметаат дека во морето кај Кипар се наоѓаат околу 227 милијарди кубни метри природен гас.