Италија ги попушта мерките против коронавирусот

Италијанската влада неделава ќе донесе итна одлука со цел да се забрза враќањето на туристите. Ќе се укинат неколку мерки воведени во борбата против коронавирусот.

Сите вакцини кои досега не биле, отсега ќе бидат признати во Италија, веќе нема да има задолжителен карантин за влез на туристи од земјите на ЕУ, а решение се бара и за сите други земји каде пандемиската слика не е опасна.

Така, од 31 март, т.н засилен санитарен пасош (три дози вакцина) нема да биде потребен за барови и ресторани на отворено, туку оној само издаден врз основа на две дози или прележување на вирусот.

Премиерот Марио Драги најави итна одлука за отстранување на одредени анти-вивид мерки, кои беа огромна пречка за враќање на туристите, за да не заостане Италија зад земјите кои веќе го најавија или направија.