Италијанската влада донесе одлука да се запрат сите производствени активности кои не се нужни, во обидот да ја забави пандемијата од коронавирусот, соопшти доцна ноќта кон неделата премеирот Џузепе Конте.
Сепак, супермаркетите, банките, поѓтите и аптеките остануваат отворени. „Станува збор за најголемиот предизвик од Втората светска војна“, рече Конте.
Италија извести за речиси 800 нови смртни случиа до саботата вечерта, при што епидемијата не покажува знаци на стивнувања, и покрај сѐ посторгите мерки за полициксиот час кои се применуваат во целата земја.
Во својот дневен билетен, Управата на службата за цивилна заштита во Рим извести дека починале вкупно 4.825 луѓе. Тоа е зголемување за 793 случаи во однос на претходниот ден, што е најголем број на смртните случаи на дневно ниво откако пандемијата од Covid-19 ја зафати земјата. Италија е држава со најголем официјален број пријавени смртни случаи од новиот коронавирус во све4тот. Вкупниот број заразени вчера се искачи за уште 4.800, на 53.578 заболени.
На барање на Италија, Русија ќе испрати запштитна опрема, мобилни системи за снабдување и дезинфекција на теренот и транспортнтие средства. Руските виролози и медицински експерти ќе бидат испратени во италијанските региони погодени од епидемијата, договорено е во телефонскиот разговор меѓу Путин и Конте.
Куба, исто така, испраќа во Италија 52 лекари и медицински сестри, а тие ќе бидат распоредени во северниот регион Ломбардија, која е особено погоден од коронавирусот.
„Добвиме пораки од волонтери кои се подготвени да идат каде и да е за да помогнат во оваа глобална здравствена ситуација“, изјави Хорхе Делгадо, директот на централната едицина за медицинска тосаботка при минситерството за здравство на Куба, за државната телевизија.
Кубанските власти соопштија дека контингентот, кој веќе тргнал во сабтоата, е подоготвен да помага во текот на следните два или три месеца. Оваа помош може да биде продолжена, доколку тоа го побара Италија.
На тешко погодениот север воени камиони ги пренесуваат ковчезите со починатите од Бергамо во другите италијански градови, бдиејќи во градот одамна бема простор за многуте жртви од коронавирусот. Околу 70 ковчези се однесени во текот на ноќта кон неделата, за да може починатите да бидат кремирани во друга покраина, извести агенцијата Ansa
Само во петокот во Бергамо починаа речиси 90 луѓе. Во овој град заразени се повеќе од 5.000 луѓе, а стручњаците веруват дека има и голем број непријавени случаи.
Бројот на смртните случаи е водно висок во однос на бројот на службено пријавените случаи со зараза. Точната причина за тоа не е јасна, но може да постојат неколку причини: Италија ја има една од најстарите популации на светот, а повеќето од починатите се стари лица кои пателе од претходни болести. Тие би можеле да се заразат и полесно, бидејќи во многу семејства, бабите и деовците живеат во исти куќи со децата и внуцаите или се повеќе вклучени во нивниот секојдневен живот, отколку во другите европски земји, на пример во Германија. Експертите, исто така, претпоставуваат и дека бројот на заразените е многу поголем отколку што се пријавени, како ид ека многу благи и асиптоматски случаи ниту се регистрирани.