Скијачката сезона во Италија ќе заврши предвреме, откако владата донесе одлука во понеделникот за затворање на сите зимски туристички центри порди опасноста од ширење на коронавирусот.
„Одлучивме да ги затвориме сите скијачки центри, почнувајќи од вторникот“, изјави министерот за регионалната управа, Франческо Боча, чија прес-конференција беше пренесувана на YouTube.
Според него, овој потег се должи на фактот што властите треба да ги применуваат истите мерки за сите региони, откако беа затворени ски-центрите во регионот Ломбардија. Боча изјави дека на средбата со претставниците на властите на регионот во Советот на министри на италијанската влада било поставено прашањето за сѐ уште оперативните туристички капацитети, кои дури прибегнале и кон нечесно рекламирање.
Во Италија досега се регистрирани повеќе од 9.100 случаи на зараза со новиот коронавирус, од кои 724 веќе оздравеле, што е за 102 повеќе од претходното деноноќие.
Во Италија во моментов има 7.985 пациенти со коронавирусот, со пораст од 1.598 лица во однос од неделата, соопшти во понеделникот главниот комесар на Службата за цивилна заштите, Анџело Борели на прес-конференција.
Додаде дека бројот на смртните случаи во последното деноноќие се зголемил за 97, и сега во Италија се потврдени 463 смртни исходи поврзани со новиот коронавирус. Покрај тоа, 733 пациенти се сместени на одделите за интензивна нега, 83 повеќе од ден претходно.
Ноќта кон неделата италијанскиот премиер Џузепе Конте го потпиша указот со кој се повикува на зајакнување на мерките за спречување на ширењето на заразата со коронавирусот. Со овие марки, регионот Ломбардија, каде што се иднетификувани главните фокуси на заразата, како и уште 14 северни покраини се ставени во карантин. Влезот и излезот, како и внатрешното движење во овие области, кои ја опфаќаат и метрополата Милано е дозволено само во случаи на итни потреби.