Италија на „Вембли“ по вторпат стана првак на Европа

Players of Italy celebrate after winning the UEFA EURO 2020 final between Italy and England in London, Britain, 11 July 2021. EPA/Laurence Griffiths / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фудбалската селекција на Италија е новиот европски шампион откако доцна ноќта во неделата во финалниот дуел на лондонски „Вембли“ ја совлада репрезентацијата на Агнлја со подоброто изведување на пеналите 3:2, откако основните 90 минути и продолженијата завршија со резултат 1:1.

Англија поведе по само една минута и 56 секунди игра, а стрелец беше левиот страничен играч Лук Шоу кој ефектно со полуволеј реагираше на нафрлувањето на втората статива од Киеран Трипие.

Претходно најбрзиот погодок во финалите на европските првенства е постигнат во финалето во 1964 година во кое Шпанија на мадридскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“ го совлада тогашниот СССР со 2:1, а водечкиот погодок го постигнал Переда во 7 минута.

Погодокот на Шоу е четвртиот најбрзиот во историјата на Европските превенства, но сао втор на ова ЕУРО, бидејќи данскиот репрезентативец Јусеф Поулсон против Белгија постигна погодок за една минута и 39 секунди.

Англија посериозно се закани од корнер во 63 минута, но Донарума не дозволи да биде совладан по вторпат. Далеку подобрата игра во продолжението Италијанците се материјализирше во 67 минута. Берарди изведе корнер, Кристанте со глава ја префрли топката на втората статива каде што Пикфорд со помош на стативата го одбрани ударот на Верати со глава, но на одбиената топка прв стаса Леонардо Бонучи и од непосредна близина ја испрати топката во мрежата.

По израмнувањето Италија доминираше на тереното, но повеќе немаше промени на резултатот. Англичаните во продолжението беа загубени на теренот и како да очекуваа мечот да оди во продолженијата.

Првото големо возбудување во продолжението беше во 103 минут, но Пикфорд одлично реагираше на нафрлувањето на Емерсон. Во 107 минута Италијанцијте имаа слободен удар од 25 метри, шутираше Бернадески силно но директно во англискиот голман. Веќе во следната минута се создаде мешаница пред италијанскиот гол, но немаше поголема опасност за Донарума.

Пенал серијата донесе драма, во која од пет удари Италија реализираше три, а Англија само два. Берарди, Боннучи и Бернардески погодија, додека Пикфорд ги одбрани ударите на Белоти и Жоргињо. Кај Англичаните капитенот Хари Кејн и Мегваер беа прецизни, Рашфорд ја погоди стативата, додека Донарума ги одбрани шутевите на Санчо и Сака.

 

Така Италија по вторпат во историјата ја освои европската титула, по онаа од 1968, но и натаму најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули.

Германија славеше во 1972, 1980 и 1996, а оваа селекција е единствената којашто трипати со ред играла во финалните натпревари – во 1972, 1976 и 1980 година.

Шпанија покрај трите титули во 1964, 2008 и 2012 година, е и единствената која успеала да ја одбрани титулата.

Освен Италија и Франција била двапати еропски првак во 1984 и 2000 година, а на континанталната титула и се радуваа и СССР во 1960, Чехословачка 1976, Холандија 1988, Данска 1992, Грција 2004 и Портуалија во 2016 година.