Италија надмина милион заразени со коронавирусот, Шпанија и Британија над праговите со починатите

Naples, Italy, 07 November 2020. ANSA / CIRO FUSCO

Италијанското министерсво за здравство објави во средата вечерта потврди дека земјата го минала прагот од вкупно милион заразани, додека Велика Британија забележала повеќе од 50.000 починати.

Италијанското министерство за здравство објави дека последните 24 часа потврдило 32.961 новозаразени, со што вкупниот брај на заразени од почетокот на епидемијата во февруари достигнал 1,028 милиони.

Италија досега пријави 42.953 починати, објави министерството, што е втората најголема бројка во Европа по Велика Бритнија. Италија ја има најголемата стапка на починати во Европа, поголема од 4,18 отсто, покажуваат податоците на агенцијата Reuters. За споредба, САД имаат смтрност од 2,33 отсто.

Во Италија, дневниот просек на новозаразените го достигна прикот од повеќе од 34.000 во последните седум дена. На 100.000 жители има најмалку 700 позитивни на коронавирусот, а повеќе од седум починати во последните 14 дена.

Обединетото Кралсто, пак, во средата ја надмина бројката од 50.000 смртни исходи како резултат на компликациите предизвикани од Covid-19.

Според најновите податоци 595 луѓе починале во средата од коронавирусот во рок од 28 дена откако било потврдено дека се заразени како што се води во Британија, што е најммногу по 12-ти мај кога имало 614 починати.со тоа, вкупниот број починати достигна 50.365 луѓе.

Во последните 23 потврдени се 22.950 новозаразени, наспроти 20.412 во вторникот, или вкупно речиси 1.278.000 зарази од почетокот на епидмијата.

И Шпанија во средата го мината прагод од 40.000 починати од коронавориусот од почетокот на епидемијата, соопшто тамошното министерство за здравство.

Во земјата во последните 24 часа починале 311 лица, со што впкупниот број смртни исходи од Covi-19 изнесува точно 40.105 лица. Ден претходно Шпанија го забележа рекордниот број починати во вториот бран од епидемијата, со 400 смртни исходи во 24 часа.

Франција истиот праг од 40.000 починати го мина пред помалку од една седмица.

Бројот на заразените од март во Шпанија е над 1,4 милиони луѓе.

Сепак, шпанските власти оценуваат дека епидемијата е во фазата на стабилизација и веќе „неколку дена комулатиовната инциденца на 14 дена е стабилизирана“ на околу 525 заразени на 100.000 жители.

На 25-ти октомври Шпанија прогласи вонредна состојба која вклучува и полициски час во речиси целата земја. Повеќе региони затворија или наредија затворање на баровите и рестораните.