Според прогнозите на истражувачкиот институт „Демоскопика“, цитирани од италијанската новинска агенција АНСА, летово во Италија ќе одморат околу 68 милиони туристи, што значи дека во земјата ќе бидат поминати вкупно 267 милиони ноќевања.
Тоа би претставувало 4,3 отсто повеќе туристи од 65,2 милиони лани, како и 3,2 отсто повеќе туристички ноќевања од минатогодишните 258 милиони.
Според институтот, туристите летово во Италија ќе потрошат околу 46 милијарди евра, што е зголемување за 5,4 отсто во однос на истиот период од 2022 година, пренесе БТА.