
Претставниците на Италија се овогодинешните победници на Евровизија 2021.
Станува збор за музичката група „Манескин“, која успеа со помош на гласовите од публиката да се искачи на врвот на табелата и да ги победи Швајцарците и Французите кои, пак, најголемиот дел од гласањето ги делеа првата и втората позиција.
– Рокенролот никогаш нема да умре – беше пораката што ја испрати фронтменот на групата „Манескин“, веднаш откако музичарите од Италија беа претставени како победници.
Во продолжение, слушнете ја победничката песна: