Италија предлага европски „Патриотски закон“

Ден по исламистките териростички напади во Виена, италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо предложи во вторникот европски „родољубив“ закон по примерот на американскиот антитерористички закон.

„Станува збор за преземање мерки кои би можеле да спречат трагедии како онаа во Ница, напад во кој пред пет дена беа убиени три лица, или оваа во Виена, кога во понеделникот вечерта се убиени четири лица“, пишува Ди Мајо на својата официјална страница на Facebook.

Шефот на италијанската дипломатија смета дека „треба да се започне да се размислува за нешто многу поголемо, нешто што се однесува на целата Европска унија: Татковински закон по американскиот модел, бидејќи денес сите сме деца на ист европски народ“.

„Безбедноста на државите значи безбедност за сите нас. За ова со моите колеги ќе разговарам следните денови. Да останеме обединети против сите фори на тероризмот и фанатизмот“, истакнува Ди Мајо.

Американскиот Патриотски закон беше усвоен во 2001 година по тероритичките напади од исламистичката мрежа Ал Каеда на САД на 11-ти септември истата година кога загинаа околу 3.000 луѓе.

Овој закон е критикуван поради влијанието врз одреден број основни слободи и овозможува поголеми овластувања за разизнавачките служби во антитерористичките истраги.

Ди Мајо, исто така, вели дека е „очигледно оти Европа и Италија, соочени со нападите, не може повеќе да се задоволат само со изговарање на пригодни зборови“.

„Треба да се фатиме во костец со проблемот. ЕУ мора да го зајакне своето ниво на безбедност“, вели Ди Мајо и повикува „темелна контрола на џамиите во соранотка со исламските задници и умерениот ислам кој секогаш ги осудувал нападите“.