Италија пријави над 40.000 новозаразени, Франција силно ги намали бројките

Naples, Italy, 07 November 2020. ANSA / CIRO FUSCO

Италија во петокот потврди рекордни 40.902 нови случаи на коронаинфекциите во последните 24 часа, објави во петокот вечерта италијанското министерството за здравство, додека Франција спротивно на тоа пријави голем пад на бројот на новозаразените, хоспитализирани и лица на интензивна нега.

Италијанското министерство за здравство, исто така, пријави и нови 550 смртни случаи поврзани компликации поврзани со Covid-19, додека во четвртокот починаа 636 луѓе.

Од почетокот на епидемијата во Италија досега вкупно се регистрирани 1,1 милиони луѓе, а починале вкупно 44.139 луѓе.

Најтешко погоден и натаму е регионот Ломбардија каде што во петокот се потврден и10.634 новозаразени, наспроти 9.291 ден претходно.

Во Франција, пак, значително паднал бројот на новите зарази со коронавирусот и на пациентите примени во болнциите, на крајот од втората седмица за „затворање“ во оваа земја, покажаа податоците на тамошното министерството за здравство во петокот.

Министерството има податоци за 23.794 нови случаи на заразата со коронавирусот, додека во четвртокот имаше 33.172, случаи а минатиот петок дури 60.486 коронаинфекции. Стапката на позитивните тестови изнесува 17,7 отсто. Вкупно во текот на целата пандемија во Франција се потврдени над 1,92 милиони случаи на заразата.

Здравствените власти, исто така, во последното деноноќие регистрирале нови 467 смртни исходи поради Covid-19, што е пораст во однос на 425 случаи во четвртокот. Вкупно од почетокот на епидемијата во Франција се потврдени вкупно 43.427 смртни исходи, од кои 30.164 се забележани во болницата.

Бројот на хоспитализациите во петокот изнесувал 24, додека во четвртокот изнесуваше 737, а оние кои се префрлени на интензивно лекување бил само 473, за 90-ина помалку отколку ден претходно. Минатата седмица секој работен ден имаше по повеќе од 100 згрижени на оддлите за интензивна нега.

Во петокот вкупниот број на згрижените на одделите за интензивна нега во франциските билници изнесува 4.877, наспроти 4.884 во четвртокот, од вкупно 7.700 болнички кревети на овие оддели, според министерот за здравство Оливие Веран. Вкупно во моментов во Франција се хоспитализирани 32.676 пациенти поради инфекција со SARS-CoV-2.