Италија пронајде уште 14 тела по бродоломот со мигранти

Италијанската крајбрежна стража во петокот извлече уште 14 тела од морето, откако во бродска несреќа со мигранти во близина на јужниот регион Калабрија загинаа најмалку 34 лица, се вели во соопштението до доцна вечерта.

Бродоломот се случил на околу 200 километри источно од Калабрија, на врвот на „италијанската чизма“, додека бродот, за кој се верува дека тргнал од Турција, се запалил и се превртел, соопштија во понеделникот хуманитарните агенции.

„Денеска се извлечени 14 тела од бродовите на крајбрежната стража Датило и Корси. Вкупно 34 тела се извлечени од почетокот на потрагата“, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

По бродоломот, агенциите соопштија дека крајбрежната стража спасила 11 лица од местото на несреќата а морето го исфрлило телото на една жена на брегот, но предупредија дека повеќе од 60 лица сѐ уште се водат за исчезнати, што значи дека може да има повеќе во морето.

Според Обединетите нации, повеќе од 23.500 мигранти загинале или исчезнале во водите на централниот Медитеран од 2014 година.

Крајбрежната стража соопшти дека авионите обезбедени од Италија и граничната агенција на Европската унија – Фронтекс биле вклучени во потрагата.