Италијанската премиерка Џорџа Мелони во понеделникот се состанала со шефот на американскиот фонд „BlackRock Inc“, Лари Финк, за да разговара за можни инвестиции во центри за податоци поврзана енергетска инфраструктура, соопшти нејзиниот кабинет.
Рим и најголемиот светски управител на капитал и поседувач на недвижнини, кој силно купува во Европа и веќе поседува огромни земјоелски површини во Украина, се согласиле да формираат работна група која ќе ги разгледа можните заеднички проекти, се вели во соопштението.
Мелони и Финк разговарале и за можни инвестиции во италијанската транспортна инфраструктура и други стратешки сектори, објави кабинетот, без да даде детали.
Во средината на септември, „BlackRock“ објави дека ќе основа фонд со американскиот технолошки гигант „Microsoft“ за инвестиции во центри за податоци и енергетски проекти за вештачка интелигенција. Фондот „Global AI Infrastructure Investment Partnership“ треба да ги прошири „синџирите на снабдување“ за вештачка интелигенција и да обезбеди повеќе електрична енергија, објавија тие.
Главен партнер во фондот ќе биде инвестициската компанија MGX од Абу Даби. а стручно знаење ќе дава американскиот производител на чипови „Nvidia“. Компаниите известија дека сакаат да развијат инвестициски потенцијал од 100 милијарди долари, кога е вклучено и должничкото финансирање, истакнувајќи дека најголем дел од инвестицијата ќе биде насочена во САД, а остатокот во земјите партнери.
Исто така, италијанската влада минатата седмица му доделила на „BlackRock“ повеќе од три процента од италијанската одбранбена и воздухопловна групација „Leonardo“, според документот во кој увид имала агенцијата Reuters. Дозволата се заснова на ткн „златна акција“ која ѝ овозможува на државата да ги блокира или условува странските и домашните инвестиции, се вели во документот испратен од кабинетот на премиерот Мелони до парламентот.
Рим ќе се прашува и за промените во управувањето со компаниите во стратешките сектори како што се енергетиката, телекомуникациите, производството на воена опрема и банкарството.
Имено, „BlackRock“ веќе поседува седум отсто од акциите во „UniCredit“ и пет отсто од акциите во „Intesi Sanpaolo“, двете најголеми италијански банки, кои се сопствени на низа банки источноевропските земји, како и на Балканот.