
Новата италијанска влада ја разгледува можноста за домашно производство на вакцина против коронавирусот, со цел да се забрза вакцинирањето во земјата, а произведувачите предупредуваат дека подготовките би можеле да траат со месеци.
Новиот технократси премиер на Италија, Марио Драги, ја прогласи кампањата за имунизацијата за приоритет во првата официјална изјава по преземањето на должноста минатата седмица.
Според написот во дневниот весник La Repubblica, дозите од домашното производство не би се автоматски делеле на граѓаните во Италија, туку веројатно би морало да бидат дистрибуирани во други земји во Европа.
Претедателот на здружението на произведувачите на лекови Farmindustria, Масимо Скакабароѕи повикан е во четврток на состанок со министерот за економски развој Џанкарло Џоргети на разговори за домашниот производство на вакцина против коронавирусот.
Претходно во вторникот Скакабароѕи за весникот La Stampa изјави дека италијанските компании можеби би можеле да се оспособат за произведство на одобрените препарати. Истакна, меѓутоа, дека многи нешта треба да бидат разгледани и дека подготовките би траеле со месеци.
„Дури и кога би ги пронашле потребните биореактори, би добиле вакцини дури за четири до пет месеци по нивното активирање“, вели Скакабароѕи, одавајќи дека дотогаш притисокот да се зголеми бројот на дозите од вакцините би можел да ослаби. Наспроти тоа, како што истакна, планот за домашно производство има смисла, меѓу другото и поради други пандемии.
Италија, со околу 60 милиони жители, досега поделила оолу 3,6 милиони дози од вакцините против Covid-19.