Италија со 54.762 нови сличаи во последните 24 часа има рекорден број на пациенти со дијагностициран Covid-19 веќе трет ден со ред, објави во саботата министерството за здравство.
Во последното деноноќие на последиците предизвикани од Covid-19, починале уште 144 пациенти, што е за тројца повече отколку во петокот.
Италија потврди 136.530 смртни исходи поврзани со Covid-19 од избунувањето на епидемијата во замјата во феавруари 2020 година, Втора е во Европа според бројот на починатите во Велика Британија, а деветта во светот според апсолутните бројки на овој епидемиолошки показател.
Истовремено, вкупно досега пријавила 5,57 милиони случаи на заразата со коронавирусот во речиси 60-милионската популација.
Во италијанските болници во саботата се хоспитализирани речиси 9.000 ковид-пациенти. Оваа бројка не ги вклучува оние пациенти коишто се згрижени на одделите за интензивна негам, а таму се вкупно 1.071 пациент.
Изминатото деноноќие спроведени се 969.752 тестирања на коронавирусот, а во деноноќието од четвртокот до петокот биле спроведени 929.775 тестирања, според податоците на италијанското министерство за здравство.